Луис Енрике: Беше тешко, но успеавме

39

Екипата на ПСЖ е вториот финалист во Лигата на Шампионите. По Интер, гигантот од Париз е втората екипа која што ќе се обиде да стигне до големиот трофеј сезонава. Синоќа, домаќинот против Арсенал победи како и на првиот меч во Лондон, а тренерот Луис Енрике секако презадоволен од она што се случува сезонава.

„Има многу емоции. Арсенал играше многу добро. Моравме да бидеме цврсти во одбраната, но ги искористивме можностите за добро контранапад. Беше многу тешко, не го замислувавме натпреварот на овој начин“,  – рече тренерот на ПСЖ па додаде. 

„Моравме да вложиме многу труд за да ги пронајдеме вистинските решенија. Беше тешко, но создадовме неколку одлични шанси. Првото полувреме беше доста тешко за мене. Беше важно да покажам самодоверба. Кога играта не оди онака како што очекувате, вообичаената реакција е да се вратите во одбраната. Всушност, треба да го направите спротивното – да притиснете. Сепак, во првото полувреме беше тешко, многу страдавме“, додаде стратегот.

„Доколку премногу ги покажував моите емоции, ќе бев исклучен. Ја анализирав ситуацијата и се обидов да останам смирен за да им покажам на моите играчи дека менталитетот е најважен. Да еруптирав како вулкан, тоа ќе беше катастрофа за тимот. Се обидувам да не разговарам со судиите бидејќи мислам дека така лошо влијаам врз играчите“, додаде шпанецот

„Не се сеќавам точно кога, но по лошиот резултат во Лигата на шампионите, го собрав тимот и им кажав дека сме еден од најдобрите тимови во Европа, но не сме доволно ефикасни. Сепак, им реков да не се грижат и да гледаат напред. Денес беа неверојатни и ова е одличен момент за нашите навивачи. Не можам да го објаснам со еден збор, ние само работиме ден по ден. Првата година направивме добра работа, но тоа не беше доволно. Им реков дека ако не видам поинаков менталитет на тренинзите, ќе си заминам. Оваа година гледаме сосема поинакво ниво, играчите се неверојатни“, заклучи тренерот.

ПретходноВо Барса не можат да ја прежалат елиминацијата: Судијата почна да се заканува уште во третата минута!
СледноВо Париз настана хаос по пласманот на ПСЖ во финалето на ЛШ (ВИДЕО)