Македонската ракометна репрезентација славеше убедлив триумф над Естонија од 17-36 и широко го отвори патот кон освојување на второто место во квалификациската група за пласман на Европското првенство 2026 година.
Кирил Лазаров и неговите момци пред решавачкиот дуел со Литванија во недела (СЦ „Јане Сандански“ имаат четири бода, два помалку од директниот конкурент за втората позиција.
Убедливата победа од 19 гола разлика малку ја олесни задачата околу позитивата која Македонија која треба да ја оствари против Литванците. Сега триумф од само два гола разлика ќе значи освојување на второто место и загарантиран билет за ново големо натпреварување.
Предводникот на националниот тим имаше право на задоволство од прикажаното во Талин.
„Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите 60 минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Ракометарите заслужија честитки и поддршка во недела за прикажаното.
Во недела не очекува физички моќна и тркачки добра репрезентација на Литванија. Се надевам дека ќе бидеме на ниво. Но, сеедно очекувам тешка борба. Ќе ни бидат потребни и концентрација, и свежина за да ја исполниме целта“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Билетите за овој меч се пуштени во продажба, мечот се игра со почеток во 18 часот.