Македонската јавност „врие“ по скандалозниот меч кој што во вторникот се одигра во Гевгелија, во рамките од ВМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. Контраверзниот крај на мечот, во кој гостите победија со „подарен“ во најблага форма кажан гол, предизвика најпрво ерупција од негативни коментари во јавноста на што нормално веднаш реагираа и надлежните.
Во прв момент, Фудбалската Федерација на Македонија, а потоа и МВР. Се проверува самиот меч, поточно снимката од натпреварот, се зимаат изјави од актерите на дуелот.
Дел од нив веројатно ќе сносат одговорност. Кој е крив за ова? Кој дозволи вакво нешто да се случи и да се оцрнат клубови кои имаат голема традиција во мак фудбалот.
На ова прашање допрва ќе се наоѓа одговор, но јавноста гласно размислува. На редакцијата Спортспорт директно од Швајцарија и се јави Марјан Андонов, легендата на Кожуф и некогашниот младински репрезентативец на Македонија. Интернационалец со богато искуство кој што веќе повеќе од деценија живее во Швајцарија.
„Гледам и не можам да си поверувам. Па кој е тој што реши вака да си поигрува со судбината на мојот, нашиот Кожуф. Па зарем тој клуб, Гевгелија, тој крај на нашата земја го заслужи ова? Неверојатно. Како поранешен играч кој што потекнал од овој клуб, како човек кој што цел живот ќе биде поврзан со Кожуф, ја поддржувам цела иницијатива, цел процес кој ќе го води, поведува Фудбалската Федерација, Министерството за Внатрешни работи, сите инволвирани во процесот, да ја истераат работата до крај. Да се пронајде дирекнтиот виновник. Кожуф не заслужил да оди во најнизок ранг, да биде избришан поради самоволието на неколкумина. Тие јавноста во Гевгелија ги знае сигурно. Нека се пронајдат и во оваа моја изјава. Нека им служи на чест. Кожуф не смее да пропадне поради овој скандал“ – ни изјави Марјан Андонов.