„Надежите“ со јунски двомеч против Косово

170

Репрезентацијата на Македонија до 21. година во јуни закажа двомеч против соодветмата селекција на соседот Косово. Нашиот национален тим предводен од новиот селектор Горан Станиќ во оваа прилика ќе има можност за дополнително воигрување на новата генерација која што наесен ја очекува старт на квалификациите за ЕП.

Мечевите се закажани за 28. односно 31. мај. Првиот натпревар се игра на гостински терен поточно во Приштина на стадионот Фадиљ Вокри со почеток од 19:00 часот, значи вечерен термин.

Вториот пак дуел ќе се игра во Скопје три дена подоцна на комплексот Петар Милошевски.

Собирот на нашата репрезентација е закаѓан за 22. мај во хотел Парк во Скопје.

 

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 31.КОЛО: Љатифи уште еднаш одличен во дресот на Шкендија