Одлични 30. минути во Талин: Македонските ракометари водат со девет гола разлика!

217

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме на гости кај Естонија има предност од девет гола 10-19. Ова е претпоследен квалификциски меч за пласман на ЕП 2026. Нашите момци мора да го добијат доколку сакаат да останат во игра за второто место во групата.

Никола Митревски има шест одбрани, Кузмановски три гола исто колку и Лазаревски.

Избраниците на Кирил Лазаров на дело ја оправдаа фаворитската улога во Талин. Со цврста одбрана и со помош од Никола Митревски во воведните минути, брзо го урнаа отпорот на противникот, кој само еднаш беше на мала негатива, 2-3 во петтата минута.

Нашите ракометари ги казнија речиси сите грешки на противникот, во првите 17 минути поведоа со 3-10. И тука не застанаа, на нови две одбрани на Митревски, поведоа со двоцфирени 5-15 во 24-та минута, па 9-19 пред истекот на 30 минута. На одморот резултатот е 10-19.

Во дресот на Македонија дебитираше  Мартин Ивановски, кој одлично се снајде во својот прв настап. Лазаров ги ротира сите распложливи сили кои ги има во составот.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 31.КОЛО: Љатифи уште еднаш одличен во дресот на Шкендија
СледноКоментар на 31.коло: Едноставно најдобри….ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ!