Статутот на ФФМ децидно вели: За договарање исход на натпревар следи суспензија од минимум шест месеци

1531

Како што стојат во моментов работите, мечот од второлигашката конкуренција, помеѓу Кожуф и Башкими одигран во вторникот, ќе има завршница на зелена маса. Но очигледно во повеќе простории. Во ФФМ, во полиција, а можеби и на обвинителна клупа.

Во моментов како што дознава Спортспорт повеќе актери од овој меч кои што фигурираат во официјалниот записник од мечот, се на распит во полициска станица. Да оставиме институциите да излезат со официјално соопштение, па потоа ќе даваме проценка што и како понатаму од гледна точка на јавноста.

Од друга страна пак она што може да се коментира, од спортска гледна точка е статутот на ФФМ, според коj нормално се водиме сите, и коj стриктно ги има прецирирано казните и суспензиите за евентуалните неправилности на мечевите организирани од нашата федерација.

Па така, според членот 75. од статутот на ФФМ, децидно пишува следново:

„Под договарање во смисла на одредбите на овој правилник, се подразбира договарање во тек и исход на натпревар, односно договарање за распоред на конечната табела во тековната година“ – се вели во овој член.

Во следниот пак, член 76. следува дополнување односно дообјаснување на ситуацијата.

„Наговарањето, прикривањето, подмитувањето и договарањето од член 72, до 75, се казниви согласно одредбите од овој правилник. – вели статутот на ФФМ.

Конечно, членот 77. се бави со санкциите за сторениот прекршок.

„Играч или судија кој сторил прекршок, од член 71. до 75. ќе се казни со забрана на настап од шест месеци до две години односно забрана за судење од една година до две години. Покрај оваа казна, на сторителот ќе му биде изречена и парична казна“ – вели членот 77.

Со дополнување, дека доколку сторителот го повтори делото ќе следува суспензија од минимум една година или пак целосно исклучување од фудбалската организација.

Што се однесува пак, до функциониерите на клубовите, статутот на ФФМ се потпира врз членот 78.

„Функционер на клуб, член на фѕдбалско раководство, или друго службено лице, кој сторил прекршок од член 71. до 75. ќе се казни со забрана за вршење функција од една до две години. – вели овој член.

 

ПретходноВо Париз настана хаос по пласманот на ПСЖ во финалето на ЛШ (ВИДЕО)
СледноАрената во десет најдобри стадиони на Балканот