Кога ќе се победи Работнички во дербито, притоа таа победа ќе ти донесе и титула, а твојот тим ќе одигра, тогаш нема дилеми кој е тренер на ова 31.коло, а тоа секако дека е Јетон Беќири од Шкендија. И тој и Шкендија не ја повторија грешката од лани кога Струга ТЛ среде Тетово им ја “украде“ титулата. Јасно е дека ако се чекаше на последното коло со Силекс дома, тогаш ништо не се знае однапред. Вака Шкендија си го победи разиграниот Работнички со 2:1 и ја официјализира титулата.
Беќири е третиот тренер кој Шкендија и носи трофеј во ПМФЛ после Ќатип Османи (2011, 2018 и 2019) и Ернест Ѓока (2021).
Сега и Јетон е шампионски тренер.