Џатевска го продолжи договорот со Шомбатели

77

Македонската ракометна репрезентативка Ивана Џатевска и следната сезона ќе игра во првенството а Унгарија. Како што објавија од нејзиниот тим, Шомбатели, Џатевска го продолжи договорот и за следната сезона 2025/26.

22-годишната репрезентативка потпиша за Шомбатели од Кишварда минатото лето и брзо успеа да се наметне во тимот со својата борбена игра. Таа настапи за Македонија на Европското првенство во 2024 година, а оваа сезона придонесе со 27 гола на 21 лигашки натпревар во дресот на унгарскиот тим.

„Многу сум среќена што го продолжив договорот со Шомбатели. Возбудена сум што ќе го продолжам ова патување со толку посветен и страствен тим. Благодарна сум за довербата што ми е укажана и подготвена сум за предизвиците што претстојат“, изјавила Џатевска по потпишувањето на договорот.

ПретходноЗа првпат по пет години во финалето на ЛШ нема да играат тимови од Англија или Шпанија
СледноЛазаров го одреди составот за Естонија: Томовски се враќа на голот, деби за Ивановски!