Карлос Саинц ќе се кандидира за претседател на ФИА

43

Двократниот светски шампион во рели и трикратен победник на релито Дакар, Карлос Саинц, ја потврди својата намера да се кандидира за претседател на ФИА Претседателските избори на ФИА ќе се одржат кон крајот на 2025 година, а Саинц постариот има намера да се натпреварува со Мохамед бин Сулајем.

„Постојат многу причини, но се тркам повеќе од 40 години и овој спорт веќе ми даде сè што можев да добијам. Размислував за оваа можност да станам претседател на ФИА веќе некое време, иако не многу длабоко. Но, чувствувам дека сега е вистинското време во мојата кариера да го направам овој чекор. Уверен сум дека можам да направам добра работа и да составам одличен тим за да му се оддолжам на овој спорт за сè што ми даде“, изјавил Сајнц.

Саинц постариот додаде дека ќе направи сè што е можно за да избегне каков било конфликт на интереси, со оглед на успешната кариера на неговиот син Карлос Саинц Јуниор во Формула 1.

ПретходноЛЕ и КЛ: Три англиски тима подготвени да прослават пласман во финале
СледноАморим: Ќе направиме се Бруно да остане со нас