Мартин Томовски се врати на голот на македонската ракометна репрезентација после пауза од едно големо натпреварување. Чуварот на мрежата на нашиот најдобар национален тим запиша 13 одбрани во победата од 17-36 на гостувањето во Естонија и тоа самоз а едно полувреме.
Томовски имаше успешност од 68,42%, прими само шест гола од моментот кога влезе во игра. На крајот беше сосема заслужено прогласен за МВП на мечот против Естонците во Талин.
Македонија во недела ја пречекува Литванија на домашен терен, меч кој мора да го добие со два гола разлика доколку сака како второпласирана да завери место на ЕП 2026 година.