ПСЖ стигна до финалето на Лигата на шампионите во својата прва сезона по заминувањето на големата ѕвезда, Килијан Мбапе.
Тимот на Луис Енрике ќе се соочи со Интер во решавачкиот натпревар на турнирот на 31 мај во Минхен, откако синоќа го елиминираа Арсенал.
Мбапе минатото лето го напушти ПСЖ како слободен агент и му се приклучи на Реал Мадрид. Мадридскиот тим претрпе пораз во четвртфиналната фаза, токму од Арсенал, кого ПСЖ двапати го победи во полуфиналето.
Со Килијан, Парижаните стигнаа до финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, но не успеаја да го освојат турнирот. Сега без него, Енрике и неговите момци се надеваат на успех и прв трофеј во најсилното европско натпреварување.