ТИМ И ИГРАЧ НА 31.КОЛО: Љатифи уште еднаш одличен во дресот на Шкендија

163

На Шкендија вчера дома со Работнички и требаше победа за да ја официјализира титулата во тековната сезона. На 0:0 офанзивецот Лиридон Љатифи постигна гол за 1:0 и потоа се беше полесно, на крајот резултатот беше 2:1.Љатифи уште еднаш одигра одлично во дресот на Шкендија, како што тоа го правеше во последните неколку кола на кои успеваше да се запише во листата на стрелците и тој беше еден од решавачките фактори за титулата на тетовци.

Токму затоа според „СпортСпорт“ тој е играч на ова 31.коло.

Покрај него во тимот на колото се и Алхасан и Тамба (Шкендија), потоа Димовски, Мојсов и Миловановиќ (Тиквеш), Мециновиќ (Вардар), Наумчевски, Олаосебикан, Ѓорѓиевски, Ндезенгуе (Брера).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЛИРИДОН ЉАТИФИ

Тим: Шкендија

Роден: 06.02.1994 во Приштина

Кариера: Фљамуртари, Приштина, Скендербег, Кукс, Пушкаш, Шериф, Влазнија, Тирана, Шкендија

Претходно„Надежите“ со јунски двомеч против Косово
СледноОдлични 30. минути во Талин: Македонските ракометари водат со девет гола разлика!