Да позавидат и Барса, Реал, Атлетико: Рајо знае како треба кај Лас Палмас!

79

Да, и тоа како Рајо Ваљекано знае како против Лас Палмас на гости. Вечерва овој тим славеше со 0:1 на Канарските острови со голот на Гарсија во 66.минута.

Интересно, ова беше четврто гостување на Рајо кај Лас Палмас во рамките на Ла Лига и ова беше четврта победа и тоа без примен гол. Скор на кој може да позавидат и гигантите како Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, сите тие немаат таков биланс кај Лас Палмас како еден Рајо Ваљекано.

Со овие три бода Рајо е се поблиску од излез во Европа, а Лас Палмас со овој пораз е се поблиску до испаѓање од Ла Лига.

ПретходноМилан со пресврт до убедлива победа над Болоња на “Сан Сиро“!(ФОТО)