Дон Флорентино нема намера да патува во Барселона за Ел Класико!

242

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, а посебно каталонските, Дон Флорентино Перез и пред неделниот меч со Барса е лут на сите, а посебно на оние кои ги делегираат судиите. Првиот човек на Реал Мадрид не бил задоволен од тоа кој ќе суди на неделното мега – дерби, па затоа не планира да патува во Барселона и со тоа нема да биде дел од делегацијата на Реал на неделниот меч на „Монжуик“.

Ова е втората верзија од приказната, првата беше дека нема да присуствува на вообичаената вечера или ручек заедно со првите луѓе на Барселона, пред се со Хоан Лапорта, и ќе дојде директно на стадион.

Сепак знаејќи го Дон Флорентино, тешко дека и двете верзии се точни, до недела има уште време тој да се предомисли.

ПретходноФенер спрема спектакуларни трансфери: Во Истанбул доаѓаат Едерсон или Мартинез, Сон од Тотенхем, Давид од Лил?!
СледноМајами тргнува во Кевин Дурент!