Минесота израмни во дуелот со Голден Стејт (ВИДЕО)

82

Синоќа во рамките на новото издание на НБА плеј офот, се одигра само еден меч. Во него, тимот на Минесота го совлада тимот на Голден Стејт на свој терен со убедливи 117:93 и на тој начин израмни во серијата на вкупни 1:1.

Првата делница од мечот беше и онаа клучната што се однесува до разликата во резултатот. Домаќинот истата ја доби со 29:15, а потоа само го водеше мечот по свој терк.

Сепак, Минесота во целост го искористи фактот што Стеф Кари не беше дел од мечот поради повреда. Голден Стејт само еднаш во третиот дел се доближи на минус седум но тоа беше се од гостите на овој меч.

Џулиус Рендл имаше 24 поени и единесет асистенции, додека Никеил Александер Вокер и Ентони Едвардс додадоа по свои 20 поени во победничкиот состав. Куминга со 18 односно Батлер со 17 најдобри кај поразениот тим.

ПретходноСупер Антони со супер гол и асистенција го однесе Бетис во финалето во Лигата на Конференции!
СледноАморим: Ако не го добиеме финалето, како да не сме направиле ништо