Ако не може Ал-Наср има кој сака: Два европски гиганти му нудат на Роналдо да игра за нив на Светското клупско првенство!

824

Се чини дека полека, но сигурно како бајката наречена Кристијано Роналдо во Ал-Наср како да бледнее. Секако дека Португалецот е задоволен само од парите, 200 милиони евра по сезона, но не задоволен од повеќе работи во клубот од Саудиска Арабија. Од друга страна првите луѓе на Ал-Наср а посебно фановите воопшто не се задоволни, ако се знае дека одново нема да има титула.

Од друга страна ФИФА, се разбира поради маркетинг, посакува Роналдо да игра ова лето на СКП, но како кога Ал-Наср не учествува. Затоа тука се Манчестер Сити и Челзи, се разбира ако се точни информациите од Островот, имаат намера да му понудат на Роналдо едномесечен договор само за негов настап на еден од овие два клуба на СКП во САД.

Звучи лудо, но не треба ништо да не изненади во овој модерен фудбал.

ПретходноМЗТ Скопје покажа сила: Шампионот со стил ја отвори полуфиналната серија против МКК Куманово! (ФОТО)
СледноЕден Шпанец си оди, ама друг доаѓа: Фабрегас на клупата на Леверкузен?!