Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, попладнево го информирал раководството на клубот дека ќе ја напушти својата позиција на крајот од тековната сезона. Стратегот, како што беше објавено денеска, ќе ја продолжи својата тренерска кариера во Реал Мадрид.
Алонсо јавно ја објави својата одлука на прес-конференцијаta на Баер (Л).
„Време е да потврдам дека ова е мојот последен натпревар во Леверкузен“, рекол Алонсо на денешната прес-конференција.
Претходно се појави информација дека Алонсо се договорил со Реал Мадрид за 3-годишен договор.
Актуелниот главен тренер на „кралевите“ Карло Анчелоти ќе ја напушти својата функција на 25 мај – по последниот натпревар од сезоната.