Една од главните теми ова лето, кога станува збор за трансферите во Европа, ќе биде германскиот репрезентативец Флориан Вирц. Во моментов играчот на Баер Леверкузен е мета на се што нешто значи во Европа како клупски авторитет, но предност како што е тоа вообичаено кога станува збор за германците има Баерн Минхен.
Според денешното издание на Билд, гигантот од Баварија е подготвен да ги плати оние 150 милиони евра кои што во суштина и ги бара Леверкузен за Вирц но има скриен момент кој што ќе направи разлика во споредба со останатите заинтересирани.
Имено, Вирц е веќе заштитно лице на Адидас, а оваа компанија и Баерн се во повеќедецениска љубов. Па така, блискоста на Уло Хенес со раководните структури на Адидас се смета за пресуден фактор оваа компамнија да влијае врз самиот Вирц, а и да учевствува со удел во откупната клаузула која не е воопшто мала.
И самиот Вирц најави останување во Германија откако наводно Чаби Алонсо, неговиот сегашен тренер во Баер отворено го поканил да заминат заедно во пакет во Реал Мадрид, каде што Алосно го презема тренерското место на лето.