Вардар и Е. Пелистер во иста група на Меморијалот „Крстe Андоновски“ во Охрид

111

Денеска и официјално беа одредени групите за годинешното издание на Меморијалниот ракометен турнир „Крстe Андоновски“. Турнирот е закажан од 19 до 23 август во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, а на него и оваа година ќе учествуваат 8 екипи.

Во групата „А“ се најдоа домаќинот на турнирот Охрид, заедно со екипите на Торшавн, Пртизан Белград и Нексе, додека во групата „Б“ се најдоа лутите ривали Вардар и Е. Пелистер, заедно со грчки АЕК и Динамо Панчево.

Турнирот ќе стартува на 19 август во 16 часот со мечот меѓу Вардар и Динамо Панчево.

ПретходноТренерот на Миовски задржан во болница
СледноЕнрике на пола тим на ПСЖ му дал одмор до следната недела