Готово е: Вирц и Баерн се договорија, останува само уште една дилема!

199

Како што попладнево јавуваат медиумите во Германија, а исто така и најпознатите инсајдери кои ги знаат приликите во Бундеслигата, Флоријан Вирц и Баерн Минхен постигнале договор. Тоа значи дека најдобриот германски фудбалер ќе прави трансфер од Леверкузен во Минхен, но прашање е само кога.

Вирц и Баерн инсистираат тоа да биде во јуни, но сега Леверкузен е на потег. “Фармацвтите“ бараат повеќе од 100 милиони евра колку што нуди Баерн и се свесни дека ако сега не го пуштат, тогаш во претстојната сезона ќе имаат незадоволен фудбалер а и цената во јуни 2026 ќе биде пониска, а во јуни 2027 година ќе биде слободен играч.

Тоа е таа дилема која Леверкузен мора набргу да ја разреши.

Инаку се говори дека Вирц во Баерн Минхен со годишна плата од 25 милиони евра ќе биде најплатен во редовите на “баварците“.

ПретходноМодриќ организирал тим билдинг во својата вила, не бил поканет само Винисиус!
СледноСелекторот на Литванците: Ќе биде тешко во Македонија, но реално е повторно да победиме!