Мајами тргнува во Кевин Дурент!

42
Фото: Феникс Санс/Твитер

На Флорида и дефинитивно ова лето подготвуваат навистина нешто големо. После „метлата“ и елиминацијата од Кливленд во плеј – офот, раководството на Мајами Хит смета дека тимот мора да се засили како во следната сезона во НБА би имал подобри резултати.

Во текот на изминатите денови со “жешките“ се поврзуваше името на Јанис Адетокунбо, но сепак се чини дека изборот паднал на Кевин Дурент. Не е ова првпат да се споменува еден од најдобрите кошаркари во НБА во моментов со Мајами, така беше и пред неколку месеци, но тогаш Феникс не сакаше ниту да слушне да остане без својата прва ѕвезда.

Сепак сега некои работи се променети. Пат Рајли, првиот човек на Мајами Хит е спремен и за голема размена со Санси, само да дојде до Дурент.

ПретходноДон Флорентино нема намера да патува во Барселона за Ел Класико!
СледноМилан со пресврт до убедлива победа над Болоња на “Сан Сиро“!(ФОТО)