Од следната сезона во Премиер лигата камерманите ќе влегуваат на терен, а сакаат снимки и од соблекувалните!?

143

Премиер лигата побара од клубовите да им дадат дозвола на носителите на телевизиски права да снимаат во соблекувалните и да им дозволат на играчите да даваат интервјуа за време на натпреварите од следната сезона.

„Скај Спортс“ и „ТНТ Спортс“, кои ги делат телевизиските права, сакаат поголем пристап за парите што ги плаќаат за правата за емитување. Според „Гардијан“, мислењата за ова барање се поделени, при што некои менаџери веруваат дека соблекувалната е света територија.

Англиските шампиони веќе имаат обврска да дозволат влез на телевизиски камери откако ќе ја освојат титулата. Меѓу промените што веќе се потврдени за телевизиските преноси од следната сезона е тоа што на снимателот ќе му биде дозволено да влезе на теренот за да снима подобри снимки од прославите на головите.

ПретходноФФМ: Воска и Гостивар исфрлени во најнизок ранг на натпреварување
СледноФФМ меѓу првите првите 15 федерации со УЕФА фитнес А диплома курс