Вест Хем денеска и официјално потврди дека Арон Кресвел, Лукаш Фабијански, Владимир Цуфал и Дени Ингс ќе го напуштат клубот на крајот од сезоната. На четворицата ова лето им истекуваат договорите со „чеканите“.
Менаџерот Греам Потер го пофали нивниот професионализам и придонес, истакнувајќи го нивното искуство и популарност меѓу соиграчите. Кресвел е долгогодишен лев бек во лондонскиот тим, практично од 2014 година, Фабијански беше одличен на голот, а Цуфал клучен десен бек. Ингс се мачеше да се наметне и се чини за него од порано се знаеше дека ја игра последната сезона во Вест Хем.
Овој потег се совпаѓа со плановите на Потер за реконструкција на тимот, при што и неколку други играчи се поврзуваат со заминување.