Прва полуфинална битка: МКК Куманово го предизвикува шампионот

91

Вечерва (18.30 ч.) во спортскиот центар „Јане Сандански“, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го пречекува МКК Куманово во првиот полуфинален натпревар од плеј-офот во Првата македонска кошаркарска лига. Оваа средба ветува добра кошарка, бидејќи двете екипи влегуваат со високи амбиции и подготвеност да го дадат својот максимум за пласман во финалето.

МЗТ Скопје, предводен од тренерот Васко Атанасов, до полуфиналето стигна со  импресивна серија од 3-0 против Феникс 2010 во четвртфиналето. „Сино-белите“ покажаа доминација во сите три меча и ќе се обидат да ја искористат предноста на домашен терен и поддршката од верните навивачи за да го отворат полуфиналето со победа.

МЗТ е подготвен да ја продолжи шампионската традиција и да ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

Од друга страна, МКК Куманово, под водство на тренерот Марин Докузовски, обезбеди место во полуфиналето со убедлива серија од 3-1 против Кожув. Кумановци покажаа борбеност и тимска хемија, а предводени од Урош Луковиќ се решени да се обидат да направат и изненадување против фаворизираниот противник.

Двата тима веќе се сретнаа во регуларниот дел од сезоната, а МЗТ славеше во двата меча. Според распоредот, серијата продолжува со натпревари на секои четири дена, при што вториот меч е закажан за 13 мај во Скопје.

ПретходноПобедата на Македонија во Талин во три минути (ВИДЕО)
СледноУ16: Надежите поразени на пенали од селекцијата на Словачка