Селекторот на Литванците: Ќе биде тешко во Македонија, но реално е повторно да победиме!

195

Во недела во Скопје, нашата ракометна репрезентација во директен дуел ќе решава дали ќе биде втора во групата во квалификациите за ЕП 2026, како такви ќе одиме на ова првенство.

Нема да биде лесно, Литванија е тим кој не смее да се потценува, посебно ако се знае дека тие доаѓаат во Скопје со посебна самодоверба по победата на свој терен.

Селекторот на Литванците Савукинас пред овој меч има свој коментар:

Ќе биде тешко во Македонија, сепак сите ние знаеме дека нам ни треба барем еден бод. Според мене реално е повторно да ја победиме Македонија, како што беше реално што победивме дома. Од друга страна едно е да играш дома, а сосема друго на гости. Свесни сме и знаеме каква поддршка ќе има селекцијата на Македонија на свој терен“ посочи покрај другото селекторот на Литванија.

Инаку овој меч се игра во недела во “Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.

ПретходноГотово е: Вирц и Баерн се договорија, останува само уште една дилема!
СледноМЗТ Скопје покажа сила: Шампионот со стил ја отвори полуфиналната серија против МКК Куманово! (ФОТО)