ФФМ: Воска и Гостивар исфрлени во најнизок ранг на натпреварување

542

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ.

–  ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ;

–  За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра;

–  ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во Прва МФЛ;

Напомена: По правосилноста на овие одлуки, екипите на ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

Дополнително, ФФМ ќе ги искористи сите можни механизми да ги врати / наплати наменските средства во износ од 150,000.00 евра, паричен износ кој ФК Воска Спорт АД ги доби на 10. април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25.

ПретходноЕнрике на пола тим на ПСЖ му дал одмор до следната недела
СледноОд следната сезона во Премиер лигата камерманите ќе влегуваат на терен, а сакаат снимки и од соблекувалните!?