Челзи се мисли дали да плати 75 милиони евра за Леао

73

Челзи одржал неформални разговори со агентот на Рафаел Леао. Договорот на Португалецот со Милан вклучува откупна клаузула од 175 милиони евра, но раководството на италијанскиот клуб е подготвено да се раздели со него за приближно 75 милиони.

Според изворот, Челзи веќе водел прелиминарни разговори во врска со евентуален трансфер. Арсенал е исто така заинтересиран за Леао, но „топчиите“ го разгледуваат само како алтернатива на нивната главна трансфер цел, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Интерес за Леао доаѓа и од Ал-Наср од Саудиска Арабија, но 25-годишниот крилен напаѓач е решен да остане во Европа.

ПретходноФФМ меѓу првите првите 15 федерации со УЕФА фитнес А диплома курс
СледноПочна реконструкцијата: Вест Хем потврди дека Кресвел, Фабијански, Цуфал и Ингс го напуштаат тимот