Што се случува во Фенербахче?Тадиќ на сред натпревар тргна да се тепа со свој соиграч! (ВИДЕО)

507

Навистина што се случува во Фенербахче под водство на Жозе Мурињо. Откако и дефинитивно ја загубија битката за титулата вистински хаос се случува меѓу играчите. Па така на сред натпревар вечерва на гостувањето кај Башакшехир, Тадиќ тргна да се тепа со својот соиграч Талиска. Сепак останатите ја „средија“ работата со цел овој скандал да не биде уште поголем.

Прашање е што толку го изнервира Србинот за да вака реагира. На крајот да кажеме дека Фенер сепак како гостин победи со 1:4.

ПретходноЕден Шпанец си оди, ама друг доаѓа: Фабрегас на клупата на Леверкузен?!
СледноФенер спрема спектакуларни трансфери: Во Истанбул доаѓаат Едерсон или Мартинез, Сон од Тотенхем, Давид од Лил?!