Македонија ќе биде претставена со две теквондистки на Светското првенство – кадети, кое ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во градот Фуџаира.
Ведрана Тунески од ТКД Бутел ќе настапи во категоријата до 44 килограм. Таа веќе има освоено сребрен медал од Европско првенство – пионери.
Јана Спироска од ТКД Охрид Хваранг фист ќе настапи во категоријата до 55 килограми.
Репрезентативките се предводени од помошник селекторот Викторија Спасовска.
Македонската Таеквондо Федерација им посакува успешен настап.