Градоначалникот на Гевгелија ги прими навивачите на Кожуф по повод спорниот дуел со Башкими

1531

Во Гевгелија веќе неколку дена „врие“ атмосферата по повод контроверно завршениот меч од ВМФЛ шампионатот на Македонија на екипите на Кожуф и Башкими. Истиот заврши со конечни 1:2 за гостите од Куманово, кои постигнаа гол во последните секунди од мечот, а кој е во најмала рака според, дискутабилен и се коси со регуларност по сите основи.

Јавноста веднаш реагираше по завршувањето на мечот, ФФМ, полицијата исто така се активираа. Работата институциите на расчистување на ситуацијата, а во меѓувреме во Гевгелија, навивачите на Кожуф, популарните “Фантоми“, гневни на она што се случи, бараат одговори. Како од играчите, преку управата, па се до градските власти.

Па така, вчера е одржана средба меѓу нив и градоначалникот на Гевгелија, господинот Андон Сарамандов на кој е дискутирано за се што се случи, а донесен е заклучот дека сите се на иста страна. На онаа на Кожуф. Сепак, дека виновниците за овој срам мора да бидат апострофирани, и доколку се установи нивна вина од правен аспект, истите да сносат последици.

ПретходноМарка: Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид!
СледноБаерн и Адидас ќе подготват 150 милиони за Флориан Вирц