Голманот на У20 тимот на Сампдорија, Лука Родолфо ќе добие повик за репрезентацијата на Македонија до 21. година.
Момчето кое има потекло од Македонија, по мајка, е родено во Италија, но има и пасош на нашата земја. Тој веќе беше дел од У16 тренинг камп на нашата репрезентација, а сега добива и покана според информациите на Спортспорт за официјален настап на пријателски меч за нас.
Тој ќе биде дел од двомечот на нашата селекција до 21. година против Косово, кој е закажан за јуни. Во тој термин шанса ќе добијат веројатно уште неколку новитети, за кои селекторот Горан Станиќ планира да провери каков репрезентативен потенцијал имаат.