Марка: Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид!

179

Според денешното издание на Марка, Чаби Алонсо и официјално е новиот тренер на тимот на Реал Мадрид. Според изданието, досегашниот тренер на Баер Леверкузен, седнува на најпрестижното тренерско столче на светот, и го менува досегашниот стратег Карло Анчелоти.

Алонсо потпишува договор до 2028 година, што ќе рече дека се согласил на тригодишен договор со клубот.

Сепак, Реал Мадрид ќе мора да ја плати клаузулата за ослободување во договорот на Чаби Алонсо со Леверкузен, бидејќи баскискиот стратег има договор до јуни 2026 година со германскиот тим, кој го направи шампион на земјата во сезоната 2023/24.

Од друга страна пак, потврдено е дела Карло Анчелоти ќе се збогува со клубот на 25 мај.

ПретходноДоколку Јунајтед и Бетис освојат трофеји, Антони ќе испише историја
СледноГрадоначалникот на Гевгелија ги прими навивачите на Кожуф по повод спорниот дуел со Башкими