Мејсон Маунт: Ноќ што ја чекав долго време

96

Мејсон Маунт е еден од оние фудбалери на Манчестер Јунајтед кој ете има и некакво оправдување зошто невовиот мандат во овој клуб не е според очекувањата. Еднставно беше повреден по повеќе основи и немаше можност да покаже се што може.

Од друга страна пак, синоќа Маунт имаше голем удел во победата над Сосиедад од 4:1 во рамките од полуфиналето од Лигата на Европа. Постигна два гола и како што и самиот вели долго чекал ваква ноќ во дресот на Јунајтед.

„Беше предолго за ваква ноќ. Продолжив да се обидувам, работев напорно на тренинзите секој ден и се обидував да останам позитивен, а кога имав шанса се обидував да направам впечаток. Се исплатеше и влегов и направив впечаток. Кога влегов, натпреварот беше напнат и само се обидував да го смирам“, изјави Маунт за ТНТ Спортс.

„Кога го видов голманот како излегува, си помислив дека ако дојде до мене, прво допри и шутирај“. Не сакав да дојде до мојата лева нога, а потоа само се обидував да го насочам ударот, исто како и при првиот гол“, продолжи Англичанецот.

„Публиката беше неверојатна, останаа со нас. За мене, тоа беа првите голови на Олд Трафорд, ноќ што ја чекав долго време. Враќањето во Билбао е посебен момент и сакаме да завршиме силно“, додаде Маунт.

ПретходноВЕДРАНА ТУНЕСКИ И ЈАНА СПИРОСКА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВАТ МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ТЕКВОНДО – КАДЕТИ
СледноЛука Родолфо ќе добие У21 повик за Македонија