Модриќ организирал тим билдинг во својата вила, не бил поканет само Винисиус!

398

Познато е дека во недела од 16.15 часот се игра најголемото дерби во светот на фудбалот, Ел Класико во кое Барселона и Реал можеби ќе го решат шампионот во Ла Лига. По елиминацијата на Барса од Интер во ЛШ, “кралевите“ си ја гледаат својата шанса, а со цел редовите да се збијат уште повеќе капитенот Лука Модриќ одлучил во својата вила во Мадрид да организира тим билдинг за своите соиграчи.

Сепак, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, на тоа дружење не бил поканет само Винисиус.

По оваа вест се анализира дека тоа не е изненадување ако се знае дека по последно време Хрватот и Бразилецот воопшто не комуницираат надвор од теренот, а исто така и Мбапе и Белингем не биле во најдобри односи со Вини.

ПретходноНишто од дебито: Одложена првата ММА борба на Патрис Евра
СледноГотово е: Вирц и Баерн се договорија, останува само уште една дилема!