Репрезентацијата на Македонија до 16 години во вториот меч на развојниот турнир во Црна Гора загуби од селекцијата на Словачка по изведување на пеналите. Во регуларниот дел мечот заврши без голови – 0:0.
Во пенал-серијата за Македонија погодија Исламовиќ и Цветковски, додека не успеаја да реализираат Папалиски и Ракипи.
Македонија беше поразена и на првиот меч на овој турнир со 2:0 од селекцијата на Србија.