Фенер спрема спектакуларни трансфери: Во Истанбул доаѓаат Едерсон или Мартинез, Сон од Тотенхем, Давид од Лил?!

192

Откако и оваа година Фенербахче не ја освои титулата, газдата на клубот Али Коч се спрема за нешто големо за следната сезона. Имено јасно е дека од Фенер си заминуваат Ливаковиќ, Тадиќ, Џеко и уште неколкумина а Фенер сака да доведе навистина екстра фудбалери.

За голманската позиција пикови се Едерсон од Манчестер Сити или светскиот првак Емилијано Мартинез од Астон Вила. Потоа на списокот е Сон од Тотенхем, како и Џонатан Давид од Лил.

Исто така Коч сака да ги задржи Шкрињар и Амбрабат со тоа што ќе ги откупи нивните договори.

Колку е ова реално, останува да се види.

ПретходноШто се случува во Фенербахче?Тадиќ на сред натпревар тргна да се тепа со свој соиграч! (ВИДЕО)
СледноДон Флорентино нема намера да патува во Барселона за Ел Класико!