Голема трагедија: Почина поранешен кошаркар на Соколи

107

Поранешниот кошаркар на КК Соколи и репрезентативец на Србија, Драган Лабовиќ ненадејно почина на 38-годишна возраст од срцев удар, објавија медиумите во Србија.

Лабовиќ, роден во 1987 година, беше еден од најперспективните кошаркари во Србија и Европа од неговата генерација.Со своите настапи за ФМП, тој заработи место во сениорската српска репрезентација, за која играше на Европското првенство во 2007 година.

Иако експертите му предвидуваа одлична кариера, Лабовиќ не го достигна очекуваното највисоко ниво. Тој се пензионираше професионално на 32 години, а подоцна отворено проговори за тешкиот период низ кој поминал, признавајќи дека „допрел до дното“ и завршил во ментална болница.

ПретходноВМФЛ: Арсими – Македонија ЃП е дербито, со победа “лавовите“ и официјално се прволигаши!
СледноМакедонија има само една опција за пласман на ЕП, секое друго сценарио ќе биде погубно