Кој ќе го избегне баражот? На Тиквеш му недостига само бод, и Брера сама си решава, на Беса и е најтешко!

933

Утре се играат мечевите од претпоследното 32.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Познато е дека Шкендија е првак и ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, додека Силекс и Работнички ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во Лигата на Конференции. Таму ќе игра и победникот во Купот на Македонија, Вардар или Струга ТЛ.

Познато е дека Воска и Гостивар веќе се исфрлени од ПМФЛ, па така останува прашањето само која екипа на крајот ќе биде десетта и ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ со третопласираниот тим од ВМФЛ.

Во “бунарот“ се Тиквеш со 32 бода, Брера со 30 и Беса со 27 бодови. Ако се знае дека Беса добива три бода службени плус од утрешниот меч со Воска кој нема да се одигра, тоа значи дека тимот од Добри Дол и да победи и во последното коло со Пелистер на гости не и гарантиран директниот опстанок зошто максимум може да дојде до 33 бода.

Имено Тиквеш има 32 бода и има два меча за играње, со Шкупи на гости и со Струга ТЛ дома. На кавадарчани им треба само бод зошто имаат подобар меѓусебен скор од Беса, подобра вкупна гол – разлика.

Исто и Брера сама си решава. Имено струмичани имаат 30 бода и утре играат со Струга ТЛ на гости а во последното коло играат дома со Работнички. Им требаат само уште три бода зошто и тие имаат подобар меѓусебен скор со Беса.

Значи на тимот од Добри Дол му треба чудо за да го избегне баражот за опстанок во елитата.

Да потсетиме дека ако во случај сите три екипи на крајот да имаат по 33 бода, што не е невозможно, тогаш се прави заедничка мини – табела со овие три екипи, и тука Беса е најслаба.

ТАБЕЛА ПО 31.КОЛО

9.ТИКВЕШ 32

10.БРЕРА 30

11.БЕСА 27

32.КОЛО

Шкупи – Тиквеш

Беса – Воска (3:0 сл)

Струга ТЛ – Брера

33.КОЛО

Пелистер – Беса

Тиквеш – Струга ТЛ

Брера – Работнички

Претходно“Јамал е најдобриот тинејџер во изминатите 50 години!“
СледноСекоја чест: ПСЖ води 600 вработени на финалето во ЛШ во Минхен!