Лука Мисимовиќ, играчот на Борац Бања Лука доаѓа да игра за Македонија. Спортспорт неколку пати напиша за момчето кое што има славен татко во името на Звезда Мисимовиќ, но и мајка од Струмица, а сега ФФМ одлучи да го повика да настапува за Македонија.
Поточно, напаѓачот ќе биде повика за претстојните дуели на У21 репрезентацијата против Косово во јуни.
Мисимовиќ досега настапуваше за репрезентацијата на Босна, како и татко му, но одлучи очигледно да ги промени националните бои.
Мисимовиќ сениор е еден од најголемите фудбалери на Босна по осамостојувањето.