Ристовски и Гаштаров се шампиони со Црвена Звезда

307

Македонските младински репрезентативци Матеј Гаштаров и Горазд Ристовски се нови шампиони на Србија во младинска категорија со својот тим Црвена Звезда.

Нашите млади интернационалци суверено ја освоија титулата и повторно ќе бидат дел од младинската Лига на Шампиони како што тоа беше случај изминатата година.

Гаштаров веќе потпиша и професионален договор со првиот тим на Црвена Звезда и во следниот период многу веројатно дека ќе биде вклучен на тренинзите на првиот тим.

Истото наскоро се очекува да се случи со Горазд Ристовски.

 

ПретходноКК Пелистер: Резултатски потфрливме, но следната сезона ќе биде наша!
СледноМакедонија успеа да го доведе: Мисимовиќ јуниор доаѓа да игра за нас