Денеска медиумите во Германија лансираат “бомба“. Имено Ајакс бил силно заинтересиран за нашиот Дијамант, Елиф Елмас и големи биле шансите тој во следната сезона да игра за некогашниот повеќекратен европски првак. И не само што бил силно заинтересиран туку раководството на тимот од Амстердам веќе ги започнал преговорите со Лајпциг за евентуален трансфер, ако се знае дека Елмас е само позајмен во Торино до крајот на оваа сезона.
Инаку познато е дека Елиф Елмас игра одлично во дресот на “биковите“ оваа пролет, од Торино не кријат дека посакуваат со него да потпишат перманентен договор, но јасно им е и на нив дека сепак македонскиот фудбалер е прескап за нив.