Попладнево од 17 часот се играат сите осум средби од 29. или претпоследно коло во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра во Гостивар, каде Арсими ја дочекува Македонија ЃП. Ова е дуел меѓу вториот и првиот на табелата. “Лавовите“ се лидери со 63 бода, Арсими е втор со 61 бод, Башкими е трет со 57 бода и денеска игра дома со Детонит. Па така ако денеска Македонија ЃП слави во дербито тогаш и официјално се прволигаши за следната сезона без разлика што ќе направи Башкими дома со Детонит и без разлика на резултатите од последното коло со оглед на тоа дека “лавовите“ имаат и подобар меѓусебен скор од кумановци. Треба да се каже дека сеуште не е регистриран скандалозниот меч од минатото коло меѓу Кожуф и Башкими. Па така може лесно да се случи без разлика на тоа што ќе се случува денеска на средбата Арсими – Македонија ЃП и двете екипи да изборат директен пласман во елитата.
Делува по малку замрсено, сепак се ќе се знае и дефинитивно откако ФФМ ќе одлучи како да го регистрира скандалозниот меч од минатото коло во Гевгелија.
Со ова се отвара шанса и за Брегалница во последен момент да заврши како трета и да игра бараж. Инаку “сините“ денеска играат со Охрид на гости.
Во пресрет на денешните мечеви само едно е сигурно. Ако победи денеска Македонија ЃП, без разлика како ќе се регистрира мечот Кожув – Башкими, во следната сезона ќе игра во ПМФЛ.
ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Вардарски – Вардар (Н)
Саса – Осогово
Новаци – Скопје
Победа – Кожуф
Башкими – Детонит
Охрид – Брегалница
Беласица – Борец
Арсими – Македонија ЃП
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими (-1) 57, Брегалница 55, Детонит 43, Охрид 42, Беласица 39, Саса 39, Скопје 36, Кожуф (-1) 30, Новаци 32, Победа 32, Вардар (Н) 30, Осогово 26, Борец 13, Вардарски 11