ВМФЛ: „Лавовите“ ќе почекаат на промоција во елитата, Башкими го доби Детонит за еуфорија во Куманово, Брегалница во последните секунди до победа!

251

Нема денеска официјлна промоција за тоа кој ќе игра следната сезона во ПМФЛ. Имено Беса и Македонија ЃП одиграа без голови, додека Башкими на свој терен во трилер меч славеше со Детонит со 3:2, додека Брегалница во последните секунди од мечот успеа да го победи Охрид на гости со 0:1.

Па така сега во пресрет на последното коло Македонија ЃП има 64 бода, Арсими 62, Башкими 60 и меч помалку, оној нерегистрираниот со Кожуф и Брегалница 58. Да потсетиме, првите две одат во ПМФЛ а третиот игра бараж за пласман во елитната лига.

Во последното коло играат Вардар (Н) – Арсими, Брегалница – Башкими и Македонија ЃП – Беласица. Од се ова се гледа дека „лавовите“ се на чекор до враќање во елитата.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО

Башкими – Детонит 3:2

Арсими – Македонија ЃП 0:0

Вардарски – Вардар (Н) 0:3

Победа – Кожуф 1:2

Саса – Осогово 1:0

Охрид – Брегалница 0:1

Беласица – Борец 1:1

Новаци – Скопје 4:0

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими (-1) 60, Брегалница 58

ПретходноСелта победнички со Севиља!
Следно“Бомба“: Елмас во следната сезона ќе игра за Ајакс?!