Гол – шоу во Мадрид: Серлот, Серлот, Серлот, Серлот….Норвежанецот со најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига! (ФОТО+ВИДЕО)

288

Александер Серлот – Сосиеад 4:0. Да, точно е тоа. Вечерва сведочевме на испишување на фудбалска историја во Ла Лига. Вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид домашниот состав на Атлетико успеа да слави против Сосиедад со 4:0 и сите четири гола беа дело на еден човек, на Норвежанецот Александер Серлот кој стрелаше во 7, 10, 11 и 30 минута. Имаше и една супер шанса, а еднаш ја погоди и пречката. Значи можеше со малку среќа да постигне и шест голови.

Сепак и ова е доволно во наредните денови во светот на фудбалот да се говори за Серлот.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text that says '% 3 MINUTES 57 SECONDS FASTEST HAT-TRICK IN LALIGA HISTORY'

Инаку напаѓачот на Атлетико Мадрид вечерва го имаше најбрзиот хет – трик во историјата на Ла Лига, му беа потребни само 3 минути и 57 секунди.

И тој е првиот во Ла Лига кој до 30.минута на еден меч постигнал четири гола.

На крај да се потсетиме дека на 19 мај минатата година, но тогаш како играч на Ваљадолид, истиот овој Серлот му даде четири гола на Реал Мадрид во оној епски меч кој заврши со резултат 4:4. Значи на Серлот му оди во мај месец, и тоа како му оди.

ПретходноСуспензијата е минато: Синер по три месеци се врати и победи! (ВИДЕО)
СледноИ ПСЖ вечерва си има свој херој: Гонзало Рамос за 15 минути со хет-трик!