Мега – дербито во Португалија заврши без победник, 1:1. Бенфика на свој терен пред преполниот “Луж“ не успеа да слави против градскиот ривал и со тоа веројатно нивниот вечен ривал ќе дојде до титулата.
Имено во последното коло Спортинг игра дома со Гимараеш и му треба победа за да и официјално го освои пехарот. Бенфика игра на гости кај Брага и со победа нема да биде сигурна, ќе чека кикс на “лавовите“.
Инаку супер интересно беше вечерва на „Луж“, како и секогаш кога играат овие два португалски и европски гиганти.
Веќе во 4.минута на додавање на Ѓокереш, Тринкао му донесе водство на Спортинг за да во 63.минута по “слаломот“ на Павлидис, Артукоглу донесе израмнување. Тие 1:1 на крајот се покажаа како конечни.