Гостивар го победи Вардар и се спаси, ама го испрати Шкупи во Втора лига!

82

Гостивар во меч од последното коло во плеј – аутот во нашата елитна кошаркарска лига успеа да го победи Вардар со 71:73 како гостин, не баш така лесно, и со тоа го сочува својот прволигашки статус. Познато е дека Вардар одамна беше патникот за Втората лига, а со оваа победа на Гостивар тимот на Шкупи исто така се пресели во понизок ранг, неговата убедлуива победа против Тиквеш буквално ништо не му значеше, резултатот беше 79:92.

Митевски кај Гостивар со 22 поени беше најефикасен во победата над Вардар, додека Елис запиша поен помалку. Кај вардарци Бајрам постигна 17 поени.

Од друга страна на вториот меч најефикасен беше Мирков со 26 поени кај Тиквеш, додека кај Шкупи најмногу поени имаше Краљиќ, 23.

ПретходноЗа Миовски дваесетина минути: Џирона со пораз од Виљареал на свој терен!
СледноСлавје во Минхен: Баерн го доби пехарот, Милер со стил се прости од фановите, конечно и Кејн освои трофеј! (ФОТО+ВИДЕО)