Динамо и Ристовски го декласираа Славен Белупо, кај гостите Нестор остана на клупа!

93

Одличен Динамо Загреб и убедлива победа од 5:0 против Славен Белупо во “македонското дерби“ во ХНЛ. Сепак веднаш да кажеме дека во тимот на Динамо стартер беше Стефан Ристовски, Аријан Адеми воопшто не беше во записникот а кај гостите Илија Несторовски остана на клупата.

Сепак за “модрите“ поважно е што победија и што и натаму ја држат таа втора позиција на табелата со минус еден бод од лидерот Ријека на Јован Манев и челаат нејзин кикс за да повторно дојдат до титула.

Стрелци на головите за Динамо Загреб беа Стојковиќ два, па Куленовиќ, Сучиќ и Рог.

Славен Белупо и покрај овој пораз и натаму е во “игра“ за излез во Европа.

ПретходноЗа историја: Серлот за само четири минути со хет – трик на “Метрополитано“!
СледноОли Воткинс “тресе“ за Астон Вила и ја остава во “игра“ за ЛШ!