На стартот на денешната програма во италијанската Серија А, тимот на Комо успеа на домашен терен да слави со 3:1, против Каљари.
Иако гостинот прв дојде до водство преку Адопо во 22. минута, сепак, домаќинот до крајот на првиот дел веќе направи предност. Какерет и Стрефеза направија 2:1 пред паузата.
Потоа, следуваше голот на Кутроне во 78. минута со што беше заверен домашниот триумф.