Селта победнички со Севиља!

17

Попладнево во меч од 35.коло во Ла Лига, екипата на Селта на свој терен успеа да слави 3:2 против Севиља со што и тоа како си ги зголеми шансите за излез во Европа.

Од друга страна тимот од Андалузија, која има очајна сезона, сега ќе морта да стравува дури и за опстанокот.

Селта поведе со 1:0 со голот на Мориба во 19.минута. Гостите израмнија во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Гудељ и тоа од пенал.

Во продолжението од овој натпревар Селта, која играше со играч помалку, одново поведе со голот на Мингуеза во 65.минута. Се милеше дека точка на победата за Селта стави Иглесијас во 90+1.минута за конечни 3:1, но сепак гостите со голот на Салас во 90+8.минута го ублажија поразот.

ПретходноСити се обрука кај испаднатиот Саутемптон
СледноВМФЛ: „Лавовите“ ќе почекаат на промоција во елитата, Башкими го доби Детонит за еуфорија во Куманово, Брегалница во последните секунди до победа!