И официјално Баерн Минхен по 34 пат е шампион на Германија. Иако се знаеше тоа и пред мечот со Мемхенгладбах, сепак баварците денеска славеа на свој терен со 2:0 и тоа со головите на Кејн и Олисе.
По средбата имаше и официјална церемонија на предавање на пехарот, па така Баерн го доби заслужениот трофеј и со тоа си ја врати доминацијата во Бундеслигата.
Вообичаено е капитенот да го прими пехарот, но Нојер направи голем потег и откако го доби го повика Томас за тој прв да го подигне. Ова за Милер беше 13 титула со Баерн Минхен.
Со ова тој се прости од фановите зошто ова му беше последен меч како фудбалер на Баерн Минхен на „Алијанц Арената“. И тренерот Винсент Компани направи голем потег со оглед на тоа дека го стави да биде стартер на овој славенички меч.
И на крај за Хари Кејн, иако можеби требаше да биде како прво. По толку одиграни мечеви во кариерата, по толку загубени финалиња, конечно Агнгличанецот е шампион, конечно подигна пехар.
Па така тој веќе не е малер што се вели.
A Thomas Müller farewell. A first title for Harry Kane. This Bayern trophy lift hits a little different ❤️pic.twitter.com/24lO3gz7uS
— Men in Blazers (@MenInBlazers) May 10, 2025